еМагазин
Image default
Интервју ТОП СТОРИИ

Савиќ Димовска: Силата на Пивара Скопје е во нејзината посветеност на заедницата и одржлива животна средина – ние не чекаме промени, ние ги креираме

Од 9 до 11. мај, веќе петта година по ред, на целата територија на нашата земја ќе се одвива најмасовната пролетна акција за чистење – Генералка викенд 2025. Трета година по ред водечки стратешки партнер на акцијата е Пивара Скопје, која заедно со организаторот „Man And Mountain“ и голем број институционални, корпоративни партнери и волонтери, ќе исчистат над 500 локации ширум земјата.

Учеството на Пивара Скопје во оваа најголема национална еколошка акција беше добар повод за интервју со директорката за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје, Снежана Савиќ Димовска, со која разговаравме за одржливите практики на компанијата и нејзиниот придонес во заедницата и заштитата на животната средина.

 Какво значење за Пивара Скопје има учеството во „Генералка викенд“?

– Како главен партнер на Генералка викенд, Пивара Скопје во овие три години покажа дека компаниите имаат моќ да инспирираат промени. Ова е вистински пример дека кога компании, граѓани и институции делуваат здружено резултатите се видливи, реални и мерливи.

Имено, во рамки на Генералка викенд во изминатите четири години се активирале над 40.000 волонтери, собрани над 900 тони отпад и засадени се повеќе од 125,000 дрвја низ целата земја. Но, за нас, една ваква акција е повеќе од поддршка и бројки – таа е одраз на нашата компаниска визија, одговорност и придонес кон заедницата. Нашата цел е повеќе од само чистење и садење.

Сакавме да инспирираме што повеќе компании и волонтери да се приклучат и да поддржуваат вакви акции и драго ми е дека сме успеале во тоа да ги мотивираме да станат дел од решението. Уште повисока цел ни е да ја промениме свеста кај граѓаните во градењето на одржливи навики и да се грижат за животната средина.

За Пивара Скопје ова е потврда дека бизнисот може и треба да има поширока општествена улога – да влијае, да инспирира и да биде дел од позитивната промена. Преку Генералка викенд ја покажуваме силата на колективна одговорност. Со личен пример и со заедничка акција ја менуваме свеста, инспирираме други и градиме подобра иднина. Пивара Скопје секогаш избира да води со пример. Ова е еден од нашите начини да покажеме што значи вистинска општествена одговорност.

Кажете ни нешто за останатите активности на Пивара Скопје во заштитата на животната средина, како и за ефектите од нив?

– Во Пивара Скопје одржливоста е дел од нашето секојдневие, а не само заложба. Пример за тоа е и платформата на „Скопско“, „Наша гордост-наша одговорност“ во чии рамки реализираме еко-акции низ целата земја. Почнавме пред две години со чистење на Охридското езеро – акција во која учествуваа над 170 нуркачи волонтери, беа собрани над 120 тони цврст отпад и отстранети 3800 метри напуштени мрежи. Сега се фокусираме на планините.

Со секое купено шише „Скопско“ или „Скопско смут“ одвојуваме по 1 денар за чистење и проекти на Шара и Водно со кои ќе им овозможиме на нашите сограѓани да уживаат во овие природни убавини. Она што ни е особено важно, како еден од основачите на Пакомак, е поставувањето на машини за собирање и селекција на пластика и амбалажа. До сега, само Пивара Скопје има донирано пет вакви вендинг машини на повеќе локации низ земјава.

Кај нас дома, во Пивара Скопје, само во последната година, споредено со лани, ја намаливме потрошувачката на вода за 6,25%, околу 5% на струја и енергија, а ја зголемивме и рекуперацијата на CО₂ за 12%, движени од нашата компаниска визија за свет без отпад и нула емисии до 2040 година.

Овие резултати не се само бројки, туку доказ дека заедно со нашите купувачи, потрошувачи и партнери можеме да направиме трајна и реална промена, затоа што грижата за животната средина е одговорност на сите нас.

Што е следно во вашите планови за одржлив развој и остварување на ЕСГ целите?

– Следниот голем чекор што сакаме да го преземеме е покренување на иницијатива за воведување на систем за поврат на амбалажа – по примерот на многу европски земји каде оваа пракса веќе дава видливи резултати. Веруваме дека е време и Македонија да направи, би рекла храбар, но крајно неопходен исчекор во оваа насока, а ние сакаме да бидеме предводници на таа промена.

Ваквиот систем не само што ќе придонесе кон значително намалување на отпадот, туку ќе ја зајакне и свеста кај граѓаните за одговорно рециклирање и ќе ја поттикне циркуларната економија. Секое шише и секоја лименка да добијат „втора шанса“, наместо да завршуваат на отпад или диви депонии.

Како компанија со длабоко вкоренети вредности за одржливо работење и која поставува високи стандарди во индустријата и општеството, сакаме да бидеме предводници на овој проект – да не чекаме промени, туку да ги создадеме заедно. Затоа ќе ја отвориме оваа тема со институциите, компаниите и граѓаните со јасна визија – да изградиме систем кој остава трајна вредност и поттикнува градење одржливи навики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Генералка викенд: Повеќе од 20.000 волонтери ќе ја исчистат Македонија на најмасовниот еколошки настан на Балканот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Кинеските вакцини се безбедни, ќе се вакцинирам следната недела

Редакција

Поскапуваат бензините и дизелот

Редакција

МВР набавува прехрамбени стоки во вредност од над 1 милион евра

Редакција