еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

САД, Германија, Британија и Летонија предупредија на терористички напад во Москва пред две недели

Во синоќешниот терористички напад во концертна сала во Москва загинаа најмалку 60 лица, а над 100 се ранети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Бројот на убиени во терористичкиот напад во Москва се искачи на 60

Засега не е јасно кој стои позади нападот и колку лица учествувале во истиот.

Одговорност за нападот предезе ИСИС (Исламската држава), но оваа информација не е независно потврдена.

На 7 и 8. март, најпрво САД, а потоа и Велика Британија, Германија и Летонија ги предупредија своите државјани за можни терористички напади во Москва и Русија во следните два дена.

Предупредување имаше за присуство на концерти, каков и што беше синоќешниот напад, како и за присуство на масовни настани.

Дел од овие земји ги повикаа своите државјани да ја напуштат или да не патуваат во Русија.

Претходно Руската агенција за безбедност соопшти дека спречила план на ИСИС за напад во синагога во близина на Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Најмалку 40 загинати во терористички напад во Москва

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 47: Приватна клиника денеска пријавила 15 починати од Ковид-19 во март

Редакција

(Видео) „Њу момент“ 30 години ја поттикнува и унапредува македонската креативност

Редакција

Бугарија со декларација пред Првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ кажа дека нема македонски јазик

Редакција