Штипска Апелација го пушти од притвор Шабан Салиу, осомничен во случајот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, пишува „Скопје1“.
За разлика од претходните ослободувања кои дојдоа по предлог на Обвинителството, овојпат, тие се уште немаат добиено ниту решение.
За тоа време, Салиу, веќе може да се шета слободно, а како мерка на претпазливост му е одземен само пасошот и треба да се јавува во скопскиот Кривичен суд двапати неделно. Салиу има и забрана за да се доближува и контактира со сведоци, вешти лица и оштетени.
Фото/Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.