“Самоопределување“ не е регистрирана во Македонија и неможе да учествува на изборите, изјави претседателот на косовската партија и премиер, Албин Курти, кој беше во Скопје за состанокот на лидерите од Западен Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Самоопределување“ на Курти не може да дејствува политички во Македонија
Пред извесно време од коалицијата “Европски сојуз за промени“, која ја сочинуваат Алтернатива, Беса и Демократски сојуз информираа дека на нивната коалција се приклучува и „Самопредлување„, која според македонските закони неможе да се регистрира во земјава.
„Движењето “Самоопределување“ не е регистрирано во Северна Македонија. Ние имаме активисти, имаме и службеници на нашиот политички субјект во Косово кои доаѓаат од Северна Македонија, меѓутоа овде немаме регистриран центар на “Самоопределување“. Затоа и ние како “Самоопределување“ нема да учествуваме тука“, рече Курти.
Лидерот на Демократски сојуз, Изет Меџити откако од коалицијата „Европски сојуз за промени“ информираа дека “Самоопределување“ станала дел од нивната коалиција дообјасни дека претставници на движењето кои ќе се најдат на заедничките листи за кандидати за пратеници, нема да фигурираат како партија, туку како поединци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада