еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

СДСМ и Коалицијата поднесоа измени на шест закони за да нема нов раст на функционерските плати

Предизборно владејачката СДСМ и Коалицијата денеска поднесоа измени на шест закони за да нема нов раст на функционерските плати од април годинава.

Треба да се менуваат Законот за плата на функционери, Законот за пратениците, за платите на обвинителите, судиите, на членовите на Судски совет и Советот на јавните обвинители.

Сите закони треба да се менуваат по скратена постапка.

Со овие измени треба да бидат опфатени околу 1.060 именувани и избрани лица и тие нема да имаат нов раст на платите за околу 15 отсто, но дали ќе имаат сепак некакво зголемување засега е нејасно.

Платите на функционерите остануваа зголемени, бидејќи лани со одлука на Уставен суд истите им се зголемија за 78%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„За нив дупла плата, за нас поголема рата„: Твитер реакции за новиот скок на платите на функционерите

За зголемените плати на функционерите ќе се трошат над 15 милиони евра годишно

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 13 прекршувања на полицискиот час и 365 казни за неносење маска

Редакција

Мицкоски: Има многу шпекулации за не појавувањето на пратеникот Реџепи, ќе чекаме до 12 да се појави

Редакција

(Фото) Колкави ќе бидат давачките за увоз на стари возила, што предвидува новиот Закон за данок на моторни возила

Редакција