еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Се надградува системот на валидаторите во автобусите и затоа не работат, велат од ЈСП

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека во тек е надградба на Системот за автоматска локација на возила и електронска наплата во автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници, согласно со договорот бр. 08-359/1 од 15.04.2024 година со софтверската компанија Аитоникс Македонија.

„Надградбата се врши во 3 фази. Моментално се работи на втората фаза, во која се инсталира по еден валидатор во сите возила од новиот надграден систем. Оваа фаза ќе заврши до 15.09.2024 година кога почнува третата фаза, односно паралелна работа на двата системи, при што новиот валидатор во целост ќе ги прифаќа билетите како и во стариот систем.

Поради оваа причина новите валидатори се во моментов заштитени, бидејќи сеуште не се во функција, а со цел да се заштитат до моментот додека не се заврши втората фаза во сите автобуси.

Третата фаза ќе трае 15-30 дена при што ќе се детектираат сите недостатоци на новиот систем, доколку постојат такви. Потоа се исклучува во целост стариот систем, се поврзува и предниот валидатор на новиот систем, со што надградбата ќе биде завршена,“ се вели во соопштението.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убиени тројца од групата која уби косовски полицаец во северно Косово

Редакција

Се поништуваат сите решенија за домашна изолација и државен карантин од 13 јуни

Редакција

Цените на горивата остануваат исти, екстра-лесното масло за домаќинство поскапо за два денари

Редакција