Од вечерва на полноќ за половина денар се намалуваат цените на бензинот Еуросупер БС-95, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Цената на бензинот Еуросупер БС-98 не се менува.
Со одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 80,50 денари за литар, на Еуродизелот БС (Д-Е V), 72,50 денари, а на Екстра лесното масло, 71 денари за литар.
За 0,321 денари поевтинува мазутот и еден килограм ќе се продава за 44,060 денари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.