Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова нема право на вето за законот со кој бројот на министерствата од 16 се зголеми на 20, а бројот на министри на 24.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 16 пораснаа на 20: Кои се нови министерства, а кои се реорганизираат
Станува збор за Законот за организација и работа на органите на државната управа, кој во Собранието беше изгласан со 88 гласа „за“. Законското решение е на ВМРО-ДПМНЕ, а истиот доби подршка и од пратениците на коалицијата „Вреди“, ЗНАМ, но и пратеници од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ.
Од Кабинетот на Сиљановска Давкова објаснуваат дека таа е должна да го потпише указот за Законот, бидејќи е донесен со двотретинско мнозинство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наместо 16 ќе има 20: Со 88 гласа „за“ донесен Законот за реорганизација на министерствата
Фото: Кабинет на претседателката