еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сиљановска Давкова очекува надлежните институции да постапуваат во случаите за Груби и Беџети

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повика Јавното обвинителство да постапи по допрен глас во врска за Артан Груби и за апелацискиот судија Енвер Беџети, кои од вчера се најдоа на „црната листа“ на американскиот Стејт департмент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Артан Груби со семејството и судијата Енвер Беџети завршија на „црната листа“ на САД

Таа смета дека не смееме како досега да останеме мирни, а оние кои се нашле на „црните листи“ да продолжат со своите редовни активности. Очекува јавниот обвинител да почне да постапува.

„Постојат во меѓународното право и во меѓусебните односи начини како да се дојде до тие докази и да се започне постапка, зашто во спротивно, ние не реагираме тогаш кога мора да реагираме и на тој начин го толерираме беззаконието. Секогаш велам дека пресумпцијата на невиност важи за сите нив, но затоа мислам дека е редно надлежните органи да постапуваат“, изјави Сиљановска-Давкова.

Претседателката изрази посебна загриженост што на „црната листа“ на САД е и судијата Енвер Беџети.

„Оние два проценти на доверба во судството всушност значат целосна недоверба во судството, зашто два отсто е рамно на статитичка грешка. Сериозно треба да размислиме дали всушност се креирал еден партизиран и политизиран судски систем.

Значи, треба да се тргне не само од конкретниот случај, туку да се види навистина како сите во судскиот систем се нашле на определени позиции и тука не можам да не кажам дека најголемиот дел од вината лежи во оние два најважни органи Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, бидејќи тие треба да бидат чувари на независноста на судството“, додаде претседателката.

Според американскиот Стејт Департмент, Груби и Беџети се ставени на листата поради нивната вклученост во значителна корупција со прифаќање мито за нарушување на судските процеси поврзани со кривичното осудување на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој од порано е на истата листа.

Лани Судскиот совет утврди дека судијата Беџети девет месеци го чувал предметот за Мијалков „Тврдина-Таргет”, за да застари, а Советот го казни само со парична казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Кај нас за Артан Груби нема судски процес за корупција„: Одлуката на САД да го стави функционерот на ДУИ на „црната листа„ хит на Х

Партнерот на ДУИ, Зијадин Села, бара Груби да се повлече од политика

(Видео) Реакцијата на Османи и Адеми кога дознаа дека Груби е ставен на „црната листа“ – хит на социјалните мрежи

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Монструм од пожар“, вели Ангелов за пожарот кој избувна кај Македонски брод

Редакција

Бујар Османи, кандидат на ДУИ за претседател на Македонија

Редакција

Од денеска можете да имате увид во Избирачкиот список

Редакција