еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Скопскиот Брас квинтет со концерт „Брас Фантазија за Тоше”

Во понеделник на 25. декември со почеток од 20 часот во малата сала на Филхармонија ќе се одржи концерт на скопскиот Брас квинтет насловен „Брас Фантазија за Тоше”. На програмата ќе се бидат најпознатите песни од дискографијата на Тоше Проески, преработени за лимени дувачки инструменти.

„Идејата за овој концерт потекнува од минатите концерти на квинтетот со програма од ралзични популарни композиции од групи како Битлси, Квин, Мајкл Џексон, Биџис и сл. Истите овие композиции се појавувале и низ образовниот процес на секој од членовите на квинтетот по предметот камерна музика.

Од тука идејата за изработка на квалитетни аранжмани кои во себе ќе ја содржат музиката од познатите хитови кои Тоше ги пееше, изведени преку автентичниот звук на лимените дувачки инструменти преку креативното перо на Трајко Велков и Зоран Костадиновски.

Предизвикот да се сработат партитурите и индивидуалните штимови е огромен, имајќи ја во предвид нивната комплексност и виртузност, преку кои аранжерите го покажуваат своето широко познавање за оваков тип на ансамбл како и лимените дувачки инструменти (впрочем самиот Трајко Велков ѝ е познат на јавноста како џез трубач, присутен на речиси сите настани поврзани со џез музиката).

После неколкуте изведби предвидени во 2024 година, овие аранжмани ќе бидат подарени на музичките образовни институции со цел истите да влезат во редовната програма која идните студенти инструменталисти ќе ја изведуваат во текот на своето школување,“ велат од скопскиот Брас квинтет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе станат ли Велес и Тетово нови жаришта на коронавирусот?

Редакција

Милевски се повлекува од министерската функција, ќе го наследи кадар на ЛДП

Редакција

Укинат куќниот притвор на Стевчо Јакимовски

Редакција