еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Случајот со бебето на Детска клиника, добива сосема нов тек од првичните обвинувања за малтретирање

Никој од лекарите од Детска клиника не сакаат да бидат дел од Комисија која ќе утврдува како настанале модриците на тримесечното бебе со наод за тромбоцитопенија, објави Слободен печат.

Лекарите на стручен состанок го известиле директорот Реџеп Мемеди дека нивната работа не е да утврдуваат намери, туку прво семејството да поднесе пријава, па потоа да го повика Обвинителството и да ја води процедурата на ниво на истражни органи, бидејќи обвинувањата на семејството се исклучително сериозни – физичко насилство од медицинска сестра врз тримесечно бебе.

„Вистината е дека воопшто немало намера да се повреди бебето. Ова се случило во една процедура за земање крв за анализа. Обично работат две сестри. Едната ја фиксира раката за да се земе крв.

Можеби поради механичката фиксација со рака, се случило да се појави хематом на десната рака на бебето. Констатирав дека според сите информации и околности, извор на ова недоразбирање е вербалната комуникација која можеби не е како што треба.

Оваа комуникација подоцна отворила дилеми кај родителите на детето дека можеби овој пристап е со други мотиви,“ изјавил Мемеди за „Портал Икс“.

Со оваа изјава, случајот добива друг тек, од обвинување за малтретирање од страна на сестрата дека семејството не знаело македонски, до утврдување „дали имало намера“ за повреда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бебето кое наводно било малтретирано на Детска клиника имало наод на тромбоцитопенија, состојба која предизвикува модринки

Комисија ќе го разгледа случајот со нестручно однесување на медицинска сестра кон бебето на Детска клиника, велат оттаму

Тримесечно бебе било малтретирано на Детска клиника, бидејќи мајката не знаела да комуницира на македонски, тврди семејството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драматичен раст: 518 нови случаи на Ковид-19 од 5.809 тестирања

Редакција

Убава вест: 44 лица оздравени од коронавирусот во Македонија

Редакција

Собранието го донесе законот со кој се забранува увоз на отпад кој може да се користи како гориво

Редакција