Вечерва во 18 часот на плоштадот Македонија во скопје ќе има собир за заедништво и сочувство, за да се погрижиме едни за други во овие најтешки моменти, информираа од неформалната група „Кој е следен„.
„Што да понесеме?
Носете вода и благо – за себе и за секој кому му е потребно. Ако некому му се слоши или почувствува непријатност, редарите ќе бидат блиску за помош. Грижата е заедничка, да внимаваме еден на друг.
Зошто мирно се собираме на плоштадите?
Затоа што состојбата во болниците е критична, а нашите херои се борат за спасување животи. Нашето присуство на улиците би ја отежнало нивната работа.
Ќе дојде време за протести на сите улици, но тоа време не е сега. Сега е време за сплотеност и грижа,“ велат од Кој е следен?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Погребот на загинатите во пожарот во Кочани во четврток
Денеска во Кочани два протеста, едниот за трагедијата, другиот за приведените обезбедувачи
Фото: Фејсбук