еМагазин
Image default
Интервју ТОП СТОРИИ

Соколовска: Herba Health содржат целосен спектар на активни состојки од билките, екстрахирани на телесна температура

Herba Health е нова онлајн продавница во Македонија, но сепак за кратко време ја стекна довербата кај многу купувачи, најмногу поради квалитетот на производите кои се 100% природни екстракти од билки.

Основачот на продавницата Емилија Соколовска во разговор за еМагазин.мк вели дека нивниот фокус е да се навратат кон природата и природното, да го поддржат здравјето на луѓето на природен начин, со ефикасни производи кои ги користат современите техники на екстракција.

„Со зголемената свест кај луѓето за потребата од природни и одржливи алтернативи, увидовме голема потреба да понудиме нешто што е 100% природно, базирано на апсолутни екстракти од билки кои имаат максимална концентрација на активни компоненти.

Свесноста дека пазарот е преполн со хемиски додатоци, а многу малку се нудат природните решенија кој со векови се користеле за превенција на здравјето, но и за решавање на одредени здравствени состојби решивме да ги претставиме производите на „Tetra Extraction Products” и во Македонија,“ вели Соколовска.

Овие производи се уникатни по тоа што содржат целосен спектар на активни состојки кој се содржани во самите билки, екстрахирани на човечка телесна температура, без деградација при што се добива апсолутен екстракт.

„Квалитативната разлика е во сензорните својства, во поширокиот спектар и значително повисоката концентрација на активни состојки. Предностите на нашите производи и зошто се разликуваат од останатите производи е тоа што се 100% природни, без синтетички хемикалии и без вештачки адитиви, само чист природен апсолутен екстракт.

Дополнително, апсолутните екстракти од билки се комбинирани со МЦТ масло, кое го подобрува нивното апсорбирање и ја зголемува нивната ефективност. МЦТ масло само по себе е храна за мозокот и извор на енергија. Билните екстракти се компактно пакувани во 15мл мало џебно шише, лесно за носење насекаде со вас, овозможувајќи ви да ги имате вашите природни здравствени додатоци секогаш при рака, без да носите големи пакувања или таблети, лесни за употреба, со капнување под јазик за најдобра апсорпција или пак како додаток во омилениот напиток,“ објаснува Соколовска.

Производите нудат низа здравствени бенефити

Процесот на екстракција и производството на хербалните капки е во Словачка. Портфолиото на производи е многу поголемо и тие планираат во иднина да ги понудат сите производи и на пазарот во Македонија. Интересно е тоа што екстрактите се добиваат со континуиран и сложен процес на екстракција на еден вид материјал, на човечка телесна температура.

Оттука нема даградација и се постигнува вистинскиот целосен спектар на природни супстанции или така наречен апсолутен екстракт. Широка е примената на апсолутните екстракти во прехрамбената и фармацевтската индустрија, кои понатаму се користат во најразлични производи, кои нудат низа здравствени бенефити.

„„Tetra extraction products” е компанија која што е навистина за респект, и која соработува со бројни научни институти, медицински центри и бројни стручни лица. Во процесот на производство на апсолутните екстракти од билки се користи Тетра екстракциска технологија користејќи Тетрафлуоретан HFC-134A (R134A) јаглеводороден растворувач, еколошки и безбеден за озонскиот слој.

Растворувачот се користи како пропелански гас во оралната медицина( медицински фреон) безбеден без токсични ефекти, кој е не-опасен, незапаллив, инертен гас одобрен за употреба во прехрамбената и фармаколошката индустрија.

Тетрафлуоретанот не реагира со екстрахираниот материјал за разлика од другите растворувачи (бутан, CO2, Етанол, вода…).

Тетра екстракциската технологија им носи на клиентите квалитетни екстракти со вистински целосен спектар. Квалитативната разлика е во сензорните својства, во поширокиот спектар на активни соединенија (фитонутриенти, терпени, флавоноиди, етерични масла, восоци итн.), и значително повисока концентрација на активни состојки,“ раскажува Соколовска.

Истражувањата покажуваат дека во природата има евидентирано над 390.000 видови на растенија, од кои околу 21.000 до 25.000 се познати како медицински растенија, односно билки кои се користат во традиционалната или современата медицина за лекување или подобрување на здравјето.

„Тоа значи дека генерално билките што се користат во процесот на екстракција најчесто се откупуваат од земјата на потекло или од сертифицирани откупни центри во Европа и пошироко кои гарантираат дека билките што се користени во процесот на екстракција доаѓаат од чисти, природни предели каде што растат во најсоодветни услови за нивниот вид.

Некои од билките се собрани од планински региони, додека други се одгледуваат во контролирани, органски услови за да се обезбеди највисок квалитет. Нашиот фокус е во иднина да користиме билки кои се евидентирани и на нашето поднебје од чисти и природни предели, и оние кој се одгледуваат органски, со цел да ги задржиме нивните природни здравствени својства и да обезбедиме чисти, природни производи,“ дополнува таа.

Must have производи за зимскиот период

Во моментот на македонскиот пазар достапни се 13 производи од апсолутни екстракти од билки во вид на високо концентрирани хербални капки во МЦТ масло, а секоја билка или екстракт од билка нуди значајни здравствени придобивки.

„Нашите клиенти најчесто ги избираат екстрактите од куркума со црн пипер, ѓумбир и каранфилче поради нивните моќни антивоспалителни и антиоксидантни својства. Овие екстракти се особено популарни во зимските периоди, кога луѓето бараат природни решенија за зајакнување на имунитетот и заштита од настинки и грип.

Покрај тоа, екстрактот од оригано е многу баран поради неговото антибактериско дејство, кое се смета за многу ефикасен природен антибиотик.  Камилицата и хмељот, пак, се омилени поради своите смирувачки својства. Клиентите често ги избираат овие екстракти заради нивната способност да го намалат стресот и да го подобрат квалитетот на сонот,“ вели Соколовска.

За женската популација го издвојува екстрактот од Бисерок (Alchemilla Vulgaris), моќна билка за женското здравје, кој е особено популарен кај жените поради неговите неверојатни здравствени придобивки за женското здравје.

„Оваа билка традиционално се користи за поддршка на репродуктивното здравје, регулирање на менструалниот циклус, и ублажување на симптомите поврзани со ПМС и менопауза. Бисерокот помага во балансирање на хормоните и нуди природна поддршка за здравјето на матката. Жените го обожаваат овој екстракт бидејќи е природен, ефикасен и без несакани ефекти, што го прави идеално решение за женскиот организам,“ додава таа.

Според нејзе, модерната наука денес сè повеќе ја потврдува моќта на билките преку различни студии кои откриваат дека активните соединенија во билките, како што се антиоксидантите, флавоноидите и фитонутриентите, можат да имаат позитивно влијание врз здравјето. Многу билки покажуваат антивоспалителни, антибактериски и антиоксидантни својства, кои се корисни за зајакнување на имунитетот, подобрување на дигестијата и справување со хронични заболувања.

„Денешната популарност на природните лекови и додатоци за исхрана е резултат на зголемената свест за важноста на природниот начин на грижа за здравјето. Со длабоко истражени здравствени придобивки, билките стануваат природна алтернатива на синтетичките лекови, нудејќи безбедни и ефикасни решенија за секојдневните здравствени потреби.

Нашите билните екстракти нудат широк спектар на здравствени бенефити бидејќи секоја билка има уникатен состав на активни компоненти. На пример, екстрактите од куркума и црн пипер помагаат во намалување на воспаленијата и поддржуваат здраво функционирање на имунолошкиот систем. Ѓумбирот го подобрува варењето и ги ублажува симптомите на настинка, додека камилицата смирува и помага при стрес.

Хмељот е познат по своите смирувачки својства и помага за подобар сон, додека екстрактот од бисерок нуди специфични придобивки за женското здравје.Секој екстракт е природен начин да се таргетираат различни аспекти на здравјето, овозможувајќи индивидуална поддршка според потребите на организмот,“ вели таа.

Искуството со користење на додатоците за исхрана во Европа покажува дека луѓето имаат високо ниво на свест за придобивките од хербалните екстракти и активно ги бараат овие производи заради нивната природност и здравствени придобивки.

Во многу европски земји, производите од хербални екстракти се веќе добро познати и ценети, што резултира со поголема потрошувачка и помалку потреба за интензивна промоција.

„Нашата цел е да го пренесеме ова искуство на македонскиот пазар, со зголемување на свеста за природните решенија и нивната важност за здравјето, и да помогнеме да се изградат слични очекувања и интерес кон хербалните додатоци. Се надеваме дека ќе успееме да го подигнеме нивото на свест и да го направиме здравиот начин на живот уште попопуларен и достапен,“ завршува Соколовска.

Производите што ги нуди Херба Хеалт, високо концентрирани хербални капки од апсолутни екстракти од билки се достапни на онлајн продавницата herbahealth.mk, на социјалните профили на инстаграм и Фејсбук: facebook.com, instagram.com, како и во аптеките низ државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Власта уфрла провокатори за да апси народ, обвинуваат од Левица

Редакција

Обвинителството презентираше докази за „Империја“, судењето продолжува на 9 мај

Редакција

За новогодишната ноќ снег само на планините, во останатиот дел суво и температура до минус два

Редакција