еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Со пиштол одзел 2,6 милиони денари, фатен разбојникот кој ограби банка во скопски Аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 31-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – разбојништво.

Тој, на 4. јуни, влегол во филијала на банка на улицата „Бојмија“ во скопската Општина Аеродром и со сериозна закана и употреба на пиштол, загрозувајќи го животот на двајца вработени во Банката, одзел 2,6 милиони денари, по што веднаш побегнал од местото.

По неговото пронаоѓање и лишување од слобода, парите биле пронајдени и вратени на Банката, а за осомничениот е доставен предлог за определување мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ограбена филијала на банка во скопски Аеродром

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата го утврди ребалансот на буџетот за 2022 година

Редакција

„Мафијашки филмови“ во Скопје: Впериле пиштол во полицајци кои пренесувале убиец

Редакција

ЗНМ со осуда за односот на Даштевски кон новинарите, МВР да постапи по поплаките од онлајн медиумите

Редакција