еМагазин
Image default
Спорт

Стефан Стојановиќ од карате клубот „Макпетрол“ е кандидат за млад спортист на годината

Каратистот на „Макпетрол“ и на репрезентацијата на Македонија, Стефан Стојановиќ, годинава имаше извонредни постигнувања крунисани со бронзениот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија, во категоријата над 84 килограми во млади сениори (У-21). Со овој резултат тој на изборот за „Спортист на годината 2024“ е номиниран за „Млад спортист на годината“.

Листата на успеси на Стојановиќ е голема и тој еден од најуспешните млади спортисти во нашата земја. Во неговата кариера има три светски медали – злато и сребро од Светски лиги во Пореч и Венеција, бронзен медал од официјалното Светско првенство во Венеција.

Долго време беше прв на Светска ранг-листа во У-21, цела година, по новите пресметки можеби е втор. Најуспешен млад спортист во историја на Македонија, има два светски медали, златен европски како јуниор, бронза на ЕП во У-21, притоа трипати бил петтото место на европските првенства и еднаш петтото место на Светски игри во Ријад.

Во 2024 година тој ги оствари следните резултати: на Меѓународниот турнир Гранд при Кроација во Самобор – Хрватска, сребрен медал во +84 кг во У-21; Државно првенство за сениори во Скопје – златен медал во поединечна конкуренција и злато со кумите тимот на Макпетрол; Светска младинска лига во Пореч, Хрватска – сребрен медал над 84 кг во У-21; Европски универзитетски игри во Дебрецен-Мишколц, Унгарија, 5 место; Куп на Македонија за кадети, јуниори и У-21 – златен медал, + 84 кг во У-21; Балканско првенство за кадети, јуниори и У-21 во Сараево, БиХ – бронзен медал, + 84 кг во У-21; Светска младинска лига во Венеција, Италија – златен медал, +84 кг во У-21.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските ракометари со пораз од Австрија си заминуваат од Европското првенство

Редакција

(Галерија) Заев сепак ги испрати македонските фудбалери на Европското првенство

Редакција

Нов успех на македонските фудбалери: Победа над Естонија со 2:1

Редакција