еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стопанска банка Битола лани со раст на добивката за 50,79%

Стопанска банка АД Битола лани остварила добивка пред исправка во износ од 146,44 милиони денари, што претставува годишен раст од 50,79 % во споредба со 2022 година, соопшти Банката преку Македонската берза.

-Соодносот на оперативни трошоци и оперативни приходи се намали на 73,75 % во 2023 година, од 80,83 % во 2022 година.

Наспроти значително подобрениот оперативен резултат, кумулирањето на нефункционални кредити во претходниот период поради слабата проценка на кредитниот потенцијал на клиентите при одобрување на кредитите, услови зголемен износ на нефункционални кредити, за којшто беа издвоени резервации во износ од 334,48 милиони денари.

Во вакви околности и во пресрет на измената во Одлуката за методологијата на управување со кредитен ризик, чија важност е од 1.1.2024 година, Банката започна процес на значајно дисциплинирање на клиентите за навремено подмирување на обврските, процес на забрзана наплата на нефункционалните кредити и на продажба на преземениот имот, што резултираше со позитивни ефекти до крајот на годината, велат од таму.

Нето-приходите од камати во 2023 година бележат зголемување за 34,71 %, односно се повисоки за 116,25 милиони денари во однос на минатата година, посочуваат од таму.

-Приходите од камати се повисоки за 143,86 милиони денари, односно 32,72 %, додека расходите за камати бележат годишно зголемување од 27,61 милиони денари, односно 26,36 % во услови на значајно проширување на депозитната база поради растот на долгорочното денарско штедење на физичките лица.

Остварувањето во оваа позиција значајно го надминува планот за 2023 година за 24,57 %.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се пониски за 17,30 милиони денари, односно за 12,02 % споредено со 2022 година. Притоа кај приходите од провизии и надоместоци беше евидентирано годишно намалување од 7,93 милиони денари, додека расходите пораснаа за 9,36 милиони денари.

Остварувањето на планот за 2023 година во оваа позиција изнесува 83,92 %, велат од таму.

Нето-приходите од курсни разлики се позитивни во износ од 23,53 милиони денари и не бележат значајни годишни промени во апсолутен износ, а планот за 2023 година е остварен со 87,15 %, посочуваат од Банката.

-Останатите приходи од дејноста се пониски за 15,43 милиони денари споредено со 2022 година, кога беа остварени поголеми капитални добивки од продажба на преземен имот. Планот за 2023 година во оваа позиција е реализиран со 65,10 %.

Според проценките за квалитетот на кредитното портфолио и в пресрет на измената на Одлуката за управување со кредитен ризик, која стапи на сила од 1.1.2024 година, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува -334,48 милиони денари. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нетооснова изнесува -1,78 милиони денари, што во целост произлегува од оштетување за преземениот имот.

Трошоците за вработените бележат зголемување од 17,21 % во споредба со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 106,47 %.

Останатите расходи од дејноста се повисоки за 4,19 %, а реализацијата на планот за 2023 година изнесува 96,87 %.

Амортизацијата е пониска за 8,23 % на годишна основа, а планот е остварен со 86,09 %, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антони Пешев стана член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Владимир Ефтимоски поднесе оставка од функцијата претседател на УО на Стопанска банка Битола

Ќе се спојат ли Комерцијална банка и Стопанска банка Битола?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Тирон Јајага, кандидатот за заменик министер за одбрана на Алијансата за Албанците

Редакција

Детали за инцидентот на границата: Приведени тројцата Бугари кои ги навредуваа македонските полицајци на Деве Баир

Редакција

Истражување на јавното мислење во Македонија и Грција: Договорот од Преспа останува чувствителна тема за двете страни

Редакција