еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стопанска банка Битола со добивка од 51,01 милион денари во првото полугодие

Стопанска Банка АД Битола оствари добивка од 51,01 милион денари во првото полугодие на 2024 година, информираа од Банката преку Македонската берза.

Во истиот период лани Банката имаше загуба од 53,69 милиони денари.

-Позитивниот финансиски резултат се должи на задржаниот висок оперативен резултат (од 75,92 милиони денари), засилената наплата на нефункционалното портфолио на Банката, како и на пониското ниво на исправка на вредност на нефункционални пласмани во однос на претходната година, велат од таму.

Нето-приходите од камата за овој период се повисоки за 17,99 милиони денари, или за 8,21% во однос на истиот период од претходната година, велат од таму.

-Приходите од камати се повисоки за 31,61 милион денари, односно за 11,19%.

Преструктурирањето на активата на Банката кон ликвидна актива се одвиваше во услови на поволни каматни стапки на пласманите на Банката во инструменти на монетарната политика, државата и странските банки.

Од друга страна, трендот на засилено штедење на населението во Банката, којшто започна во 2023 година, се одрази врз растот на расходите по камати, кои во првото полугодие на 2024 година се зголемија за 13,62 милиони денари, односно за 21,55% во однос на истиот период од претходната година.

Нето-приходите од провизии и надомести се пониски за 8,88 милиони денари, односно 13,42% споредено со првата половина од претходната година што се должи на зголемените тарифи на добавувачите на услуги на Банката.

Нето-курсните разлики не бележат значајни промени на годишна основа.

По спроведување на процесот на дорезервации на портфолиото на Банката, кој започна претходната 2023 година, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа во периодот 1.1.2024 – 30.6.2024 година е значително пониска споредено со истиот период од 2023 година, и тоа за 62%.

Трошоците за вработени се одржуваат на оптимално ниво, без поголеми промени на годишна основа.

Активностите за оптимизација на трошоците резултираа со намалување на останатите расходи од дејноста за 16,37 милиони денари, односно 15,82% споредено со првата половина од 2023 година, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Игор Камбовски и Стевчо Јолакоски избрани за членови на НО на Стопанска банка Битола

Александра Радевска реизбрана за претседател на УО на Стопанска банка Битола

Ќе се спои ли Стопанска банка Битола со Комерцијална?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичко Единство во првите девет месеци со загуба

Редакција

„Ле Соар“: Аерозагадувањето од западниот Балкан го загрозува здравјето и на граѓаните на ЕУ

Редакција

Петар Рујановски Стојановски од Прилеп е исчезнат, семејството моли за помош

Редакција