Доцна синоќа Судскиот совет му го одзеде имунитет на врховниот судија Наке Георгиев, кој беше уапсен вчера за поткуп од 10 илјади евра, дозволи и притвор кој го побара Јавното обвинителство и го одалечи од работното место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претрес и кај Иџет Мемети за случајот со Наке Георгиев
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев
„Се одзема имунитетот на врховен судија заради непречено водење на кривичната постапка.
Се одобрува барањето за одобрување на мерката притвор за судија на Врховен суд поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје.
Времено се одалечува од вршењето судиска функција, судија на Врховниот суд до правосилно решавање на кривичната постапка“, соопштија од Судскиот совет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претресена канцеларијата на судијата Наке Георгиев во Врховниот суд
Каков имот пријавил Наке Георгиев, кој заради синот поднесе оставка од Судскиот совет
Кој е Наке Георгиев, кој поднесе оставка од Судскиот совет, за да неговиот син стане судија
Фото: Унсплеш