еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Суспендирани двајца лекари од Детска клиника за смртта на 14-месечното бебе

За случајот со смртта на 14-месечното бебе, директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка, информираа од Детската клиника.

„Врз основа на извештајот на Комисијата за стручен надзор, формирана од Министерството за здравство на Република Македонија, во врска со случајот на починатото 14-месечно дете, каде се констатирани елементи на лекарски пропуст, согласно член 187 од ЗЗЗ и чл.30 од Статутот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, в.д директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести на ден 18.10.2024 година, донесе одлука за формирање Комисија за водење на дисциплинска постапка и поднесе пријава за утврдување на дисциплинска одговорност за сторен дисциплински престап на здравствените работници- двајца доктори специјалисти кои биле дежурни и извршиле преглед на малото дете на ден 03.10.2024 година,“ наведуваат од Клиниката.

При направениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата – „Козле“, се констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни, информираше министерот за здравство Арбен Таравари во понеделникот.

Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари изнесе низа пропусти во лекувањето на 14-месечното бебе кое почина на Детската клиника

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Панел-дискусија: Македонија не смее да подржи преговарачки процес со ЕУ, кој ќе стане основа на разнебитување на нашата државност

Редакција

(Фото) Силјановска Давкова се всели, Пендаровски се исели од „Вила Водно“

Редакција

Детален преглед: Ќе има ли надзорна расправа за државните пари што се одлеваат кај адвокати блиски до власта?

Редакција