еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Македонскиот модел Тати Јанушева, во нова кампања за светскиот бренд Tod’s

Нашиот интернационален модел Tатјана Тати Јанушева во последниве месеци престојуваше во најголемите модни центри Париз-Лондон-Милано-Мадрид, каде работеше на многу капањи и едиторијали.

„Како последно од Јанушева ја имаме кампањата за светскиот бренд Tod’s и ексклузивните нови линии за обувки и чанти која беше изработена во Милано. Татјана Тати има изградено веќе богато портфолио каде има работено за врвни брендови како Sportmax, Prada, Miss Sixty, Champion, Fila,Tally Weijl и други.

Под ексклузивен договор е со светската реномирана агенција Next Management која пак одлично ја застапува на интернационално ниво. Нејзината светска убавина и секако одговорноста како искучителен модел ја сместија во самиот зенит на светската сцена на модата. Маестрална и неповторлива Тати е нашата гордост,“ велат од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На компаниите треба да им се утврдат правилата на игра, но и да им се дозволи слобода во регулирањето на нивното работење, вели Азески

Редакција

Нови 198 случаи на Ковид-19 од 3.108 тестирања

Редакција

Бројот на умрени лани зголемен за 10,7%, најчести причини за смрт се кардиоваскуларните болести и Ковид-19

Редакција