Мајката на Вања Ѓорчевска, Зорица Ѓорчевска на денешното судење рече дека таткото Александар Ѓорчевски, уште дента на исчезнувањето тврдел дека таа е киднапирана.
„Велеше нема што друго да биде. Истото го повторуваше и во наредните денови и во еден момент му се развикав да престане да зборува така, дека полицијата користи друга терминологија.
Претпоставував дека ја идеализира и оти не може да прифати дека можеби побегнала,” раскажа Ѓорчевска.
Таа за себе рече дека откако Вања исчезнала на 27. ноември многу мисли ѝ се свртиле низ главата, но не помислила дека е грабната.
За станот на улицата „Наум Наумовски Борче“, таа потврди дека знае оти инвеститор на зградата била фирмата „Упа ентерпрајс“ и дека знае кој е Љупчо Палевски Палчо, но рече оти не го познавала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема докази дека Љупчо Палевски е виновен, вели неговиот адвокат Витановски
Одговарајќи на прашања, таа кажа дека станот го купил нејзиниот татко и дека не знае за никакви недоразбирања меѓу него и Палевски.
„Да имаше такво нешто, татко ми веднаш ќе се повлечеше. Ги имам документите и уплатниците за станот каде што сè е уредно и тие се предадени во Обвинителството”, рече Ѓорчевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мајката на Вања за првпат во судница
Таткото на Вања е наместен од полицијата, кажа Палевски на денешното судење
И јас загинав на 27. ноември, од мене не остана човек, кажа таткото на Вања на денешното судење
Фото: Унсплеш