еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Треба да поевтинат над 2.500 производи: Стапи на сила Законот за нефер трговски практики

Од вчера на сила стапи Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

Со примената на истиот во периодот што следи треба да поевтинат 2.548 производи.

Законот предвидува купувачите и добавувачите да склучат нови договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи во кои на 10% е ограничен рабатот и дополнителните трошоци односно надоместоците.

Истиот не ја регулира трговската маржа, туку ги забранува дополнителните трошоци кои добавувачите морале да ги плаќаат за нивните производи да се продаваат од купувачите.

Со законот резултати се очекуваат на подолг рок, а првите производи со намалени цени се очекуваат до крајот на октомври кога би требало да се потрошат залихите од претходните договори и ќе почнат да се продаваат производите согласно новите договори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На кои 73. производи им се ограничи маржата

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германската „Веридос“ ќе ги печати новите пасоши на граѓаните на Северна Македонија

Редакција

Кривична пријава против 11 лица за лажните пасоши, Обвинителството ќе истражува дали има „крт“ во МВР

Редакција

Како Климент Охридски го основал првиот Универзитет на Балканот

Редакција