еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Екипа на Итна медицинска помош повредена при пад на лифт во скопска Кисела Вода

Дел од екипа на Итна медицинска помош денеска е повредена при пад на лифт во скопска Кисела Вода.

Инцидентот се случил кога таа се движела од приземје кон шестиот кат.

„Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на Итната медицинска помош. Екипата се движела од приземје кон шести кат, но кога дошле малку над вториот кат лифтот забрзано се спуштил или паднал во подрум.

Најмалку четири лица биле во лифтот во моментот на падот. Три лица се жалат на повреди,“ информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Иако претходно информираа, од ЦУК, велат дека во лифтот немало пациент.

Екипата била на констатирање на смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екипа на Итната медицинска помош со пациент заглавиле во лифт во зграда во Кисела Вода

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест македонски научници рангирани во топ највлијателни светски научници на листата на „Стенфорд“

Редакција

Кривична за возачот на министерот Бесими

Редакција

Министерката Тренчевска имала сообраќајка, повреден е нејзиниот возач

Редакција