Докторот Ненад Лазаров на Фејсбук соопшти убава вест. Засега потребните средства за лекување на малиот Матео, кој боледува од болест која доведува до брзо откажување на функцијата на бубрезите, хемолитичка анемија и намалување на бројот на тромбоцитите, се собрани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-Луѓе мои, ги собравме засега потребните средства за Матео во износ 1.000.000 денари за 24 часа, големо срце има овој народ.
Сите кои дониравте, споделивте, не подржавте, треба да сте горди. Оваа е уште еден позитивен случај!
Истовремено сакам да знаете дека кај детето има напредок, чекор по чекор, но има напредок, напиша тој.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.