За нова претседателка на Државната комисија за спречување корупција (ДКЗС) е предложена Татјана Димитровска, вработена во Државниот завод за ревизија, а за нови членови членови на ДКСК се предложени судијката во Основниот суд, Софија Спасова Медарска, двајца досегашни советници во ДКСК, Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски и Цвета Ристовска и Демири Сервет, кој доаѓа од Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош на ЕУ.
Оваа е листата со седумтте најдобро рангирани кандидати, која денеска едногласно ја утврди собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, а за која ќе треба да гласаат пратениците.
За да се изгласаат новите членови на ДКСК е потребно просто мнозинство.
Мандатот на актуелните членови на ДКСК, претседателката Билјана Ивановска и членовите Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемси Салаи истекува на 7. февруари.
Согласно законот тие немаат право на повторен избор, ниту на продолжување на мандатот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се предлог кандидатите за новиот состав на Антикорупциската комисија