Случувањата во владејачката Алијанса за Албанците (АА) продолжуваат да ја брануваат јавноста, а зад претседателот на партијата, Арбен Таравари, застана уште еден од тројцата министри на партијата во техничката влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе има ли смена на министри на АА, поради несогласувањето на Таравари и Села?
Станува збор за министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, а претходно подршка му даде и неговиот близок пријател, министерот за здравство, Фатмир Меџити.
Алиу е еден од потписниците на писмото со подршка за Таравари од Академијата на партијата, а меѓу подржувачите е потпишан и пратеникот на партијата, Халил Снопче.
На страната на поранешниот претседател на АА, Зијадин Села, пак е министерот за правда, Кренар Лога.
Што ќе одлучи партијата за настапот на престојните парламентарни избори, што е и причината за несогласувањата помеѓу Таравари и Села, ќе се знае по седницата на Централното собрание во сабота.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја најави ли Мицкоски поделбата во Алијанса за Албанците поради несогласувањето на Таравари и Села?
Кој сè освен Села и Таравари е дел од Претседателството на Алијанса за Албанците
Фото: Влада