Следниот петок, 5. јули сите патишта ќе водат до еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот – Кратово, затоа што следуваат Златни денови, денови за паметење.
„Од 2014 година па се до денес, Кратово е буден сведок на најдобрите забави и домаќин на илјадници посетители од Македонија и од регионот, кои на Златни денови ги создале најубавите летни спомени.
Во духот на добрата забава и традицијата, Златни денови Кратово 2024 одново ќе ја докаже посветеноста и лојалноста кон публиката, благодарение на одличната музичка програма,“ велат организаторите.
Првата фестивалска вечер е во петок, 5. јули градот ќе заживее во ритамот на најубавата македонска музика, благодарение на сите реномирани музички уметници кои ќе настапат.
Честа за остварање на фестивалот ја имаат Кратовски тамбураши, а забавата ќе продолжи со Трио Тајфа, Распеани кичевчани, мераклиите од Мерак меана, односно Блага Петреска, Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски, Благоја Грујовски, Кате Брезева Соната, Златко Миладиноски, Елена и Лазар Наумови.
Веднаш потоа публиката ќе има можност да се забавува на настапот на Brass Brothers и диџеј.
Во текот на фестивалот, домаќин ќе биде Лила Филиповска.
Во сабота, 6. јули први настапуваат Б.А.Д, локален рок бенд, а атмосферата дополнително ќе ја загреат Ana&The Girls.
Ѕвезда на вечерта ќе биде една од најголемите балкански ѕвезди Данијела Мартиновиќ, која ќе обезбеди одлична забава и ќе приреди незаборавно фестивалско искуство за целата публика.
Златни денови Кратово 2024 ќе заврши со диџеј Жак и со настапот на еден од најактуелните и најпопуларни музички артисти Пајак.
Промотивна објава