еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ФЗОМ предупредува на сериозен обид за крадење на податоци преку лажна веб-страница

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги известува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните.

Измамниците преку fzom.net се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите лични податоци (име, презиме, матичен број, адреса), податоци за здравствено осигурување, податоци за банкарски сметки и кредитни картички, кориснички имиња и лозинки.

„ФЗОМ категорично ги предупредува граѓаните да не ги внесуваат своите лични податоци на веб-страницата fzom.net. Официјалната веб-страница на Фондот е исклучиво fzo.org.mk.

Проверете ја внимателно веб-адресата пред да внесете какви било лични податоци. Не кликајте на линкови од сомнителни е-пошти или пораки. Не споделувајте ги вашите кориснички имиња и лозинки со никого.

Пријавете ги сите сомнителни активности на ФЗОМ или во најблиската полициска станица.Официјалната веб страна на ФЗОМ никогаш нема да побара од вас внесување на банкарски податоци,“ се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека веќе се преземаат мерки за да ја блокираат оваа лажна веб-страница и да ги заштити граѓаните.

„Фондот соработува со надлежните органи за да ги идентификува и казни сторителите на оваа измама,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Бројките на починати, нови случаи и хоспитализирани во следниот период ќе искачуваат

Редакција

Обвинение за смртта на родилката во „Санте плус“

Редакција

Косово е одземено од Србија, а Русија со години ја провоцираат, вели хрватскиот претседател Милановиќ

Редакција