еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фондот за здравство од понеделник ќе штрајкува, ќе се работат само најнужните предмети

Од Синдикатот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) при Синдикатот на работници од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), најавија дека вработените во понеделник стапуваат во штрајк.

„Сакаме да ја известиме јавноста дека сите подрачни единици на ФЗО ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само нужните и неопходни работни задачи и тоа: пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице, лекување во странство за итни случаи, а само еден вработен во подрачните единици ќе биде задолжен за прием на документи.

Истовремено, сакаме да се заблагодариме на досегашната поддршка и разбирање на граѓаните и лекарите од јавното и приватното здравство, кои ги подржуваат вработените во нивните барања и се на страна на вработените во ФЗО и имаат разбирање за нивниот проблем со платите,“ велат од Синдикатот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Елизабета Наумовска, новиот заменик министер за образование и наука

Редакција

По појавата на салмонела, времено затворени кујните во шест училишта во скопски Карпош

Редакција

Пендаровски нема да оди на отворање на македонскиот клуб во Благоевград, не бил поканет

Редакција