еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Весна Бејби со „освестувачка“ фотографија од оперирана дојка, потсетува на важноста на прегледите

Октомври е месец во кој има зголемен број на активности, во насока на подигање на свесноста за борбата против рак на дојка.

Актерката Весна Бејби Петрушевска даде свое видување во борбата против оваа болест, со која се соочува.

„Октомври е месец на борба против ракот на дојка. Се утепав од читање на оваа реченица. Борба….и тоа баш во октомври. Како да одбележуваме востание. Долга е борбата. Секоја битка е добиена војна. Немам време за луѓе кои се бават со се, освен со самите себе.

Тука сум за да оставам мое наследство, во театар, телевизија, на моите деца и илјадници деца кои ми минуваат пред очи. Многу е важно да се подигне свеста кај луѓето и да се поттикнат жените да одат на преглед.

Мамографија, гинеколог. Знаете ли колку жени не се грижат самите за себе, оти животов ни се претвори во преживување. Додека не се соочите брутално нема да почнете да сакате себе си. Еден е животот и не замижувајте,“ порача Петрушевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката од април

Фото: Фејсбук/Петрушевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седум лица, од кои две деца завршија во болница поради труење со хлор во базен во хотел во Охрид

Редакција

Во Албанија најбројни косовските и македонските туристи

Редакција

Две момчиња од Кочани и Виница загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Италија

Редакција