еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Како изгледа обуката за борбени нуркачи на спецјалната едница „Волци“ на македонската Армија

Од македонската Армија на Фејсбук објави фотографии од обуката за борбени нуркачи на припадниците на баталјонот на специјални сили – „Волци“.

Од таму велат дека оваа обука не само што е една од најтешките во Армијата, туку за истата се потребни квалификации кои макотрпно се стекнуваат во долг временски период.

-Обуката во борбено нуркање бара не само извонредна пливачка способност и одлична физичка кондиција, туку и особена ментална подготвеност за да го чувствувате престојот под вода како престој во било која друга природна средина, велат од таму

Фотографиите покажуваат и колку кристално чисти се водите на најдлабокото и едно од најстарите езера во Европа – Охридското езеро.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викендов почнува летното сметање на времето: Стрелките на часовникот се поместуваат еден час нанапред

Редакција

Заболената лекарка од Куманово раскажува за состојбата со корона вирусот: Засега, освен главоболка и лесно кашлање, немам друг сипмтом

Редакција

Со вашата поддршка за негово лекување, ќе му го дадете најубавиот новогодишен подарок на Леонид

Редакција