Во „Службен весник“ е објавен списокот на помилуваните лица за Нова Година од страна на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова.
Во истиот нема познати имиња на јавноста, а помилувани се седум лица.
Само едно лице е целосно помилувано – Васко Доневски од Делчево.
Другите шестмина осудени се помилувани во траење од три месеца, а едно лице за три месеци и четири дена, што за него значи и потполно ослободување од извршување на остатокот од казната затвор на која било осудено.
Делумно помилувани се Јани Симон од Ресен, Христијан Димкоски од Прилеп, Ниметула Нухи од Скопје, Халим Адеми од Голема Речица, Магдалена Елисковска од Скопје и Ристе Јованов од Неготино.
Тие биле осудувани за сообраќајни несреќи, неовластено производство на оружје и тешка кражба.
Ова е прва одлука на новиот состав на Комисијата за помилување, по чие мислење се раководи претседателката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се новите членови на Комисијата за помилување
Сите членови на Комисијата за помилување поднесоа оставка
Помилуваниот член на “Барон“ од Сиљановска Давкова уапсен за обид за убиство
Фото: Кабинет на претседателката