Актуелниот премиер и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има доверба од 27,2%, лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети од 5,3%, а на трето место се лидерот на владејачката ЗНАМ и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, со 3,6%, покажува истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн.
Истото е спроведено во периодот од 6 до 15 декември на 1.200 испитаници.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.