еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Струмица доби десет електрични автобуси, кои ќе почнат да сообраќаат од 11. септември

Струмица станува првата општина на Балканот која во целост ќе имплементира електричен, еколошки јавен превоз. Општината набави десет автобуси по пат на јавна набавка која изнесува 7 милиони евра, со вклучен лизинг и ДДВ од добавувачот – „Аутомакедонија“ АД Скопје.

Автобусите ќе сообраќаат на целата територија на општина Струмица, почнувајќи од 11. септември.

„Поставуваме нов стандард за урбана мобилност – со приоритет на одржливоста, иновациите и иднината на нашата заедница. Веќе од 11.09.2024 автобусите ќе им служат на сите струмичани за транспорт во рамки на општината, еднаков за сите жители.

Воедно, со овие автобуси ќе се врши и превоз на ученици. Овој чин е уште еден цврст доказ за визијата на општина Струмица во прогрес,“  изјави градоначалникот Костадин Костадинов.

Автобусот од моделот Isuzu „NovoCiti VOLT“ има капацитет да превезува до 48 патници. Се карактеризира со литиум-јонска батерија која има гаранција од 8 години и придвижува електричен мотор TM4 со моќност 270 kW.

Дизајнирани и произведени од “Anadolu Isuzu“, Република Турција, автобусите од моделот “NovoCiti VOLT“ се без емисија на издувни гасови и придонесуваат за намалена бучава во средината каде се употребуваат.

„Воведувањето на јавен превоз во општина Струмица со овие електрични автобуси носи огромни еколошки и финансиски придобивки. Нашите сограѓани сега ќе можат да транзитираат во рамки на општината поедноставно, на поисплатлив начин, а сето тоа придонесувајќи за почиста животна средина.

За употребата на овие автобуси, изградена е и централна станица во чии рамки ќе се извршува и полнењето на автобусите. Планирано е воведување на пет автобуски линии“, изјави Драги Поп – Стојанов, директор на ЈСП „Струмица – Транспорт“.

Фото: Општина Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Насадил марихуана на нивата на татко му

Редакција

Притворен Косовар кој криумчарел 58 мигранти

Редакција

Убава вест: 553 оздравени од Ковид-19

Редакција