еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фрлена бомба на клуб на партијата на Самка Ибраимовски, лицето кое ја фрлило се вратило да провери зошто не експлодирала

Денеска во утринските часови била фрлена бомба кашикара на клубот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) во Тетово.

Инцидентот е снимен од камерата за видео надзор, а како што информираше денеска претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, снимките покажуваат дека лицето кое ја фрлило бомбата се вратило да провери зошто не експлодирала.

-Во 4:23 часот дошол тука, го скршил стаклото, ја фрлил бомбата. Имал храброст да се врати назад да види дали ја активирал или не. А нашиот активист зел метла, среќа негова што не почнал да мете.

Би било страшна експлозија, се работи за бомба кашикара од постарите што има огромно разорно дејство. Полицијата работи на случајот.

Мислам дека лицето ќе се види кој е како е и зошто е направено ова, изјави Ибраимовски.

При инцидентот е скршено стаклото на клубот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој донирал за кампањата за парламентарните избори коалиција “Вреди“

Редакција

Поскапува само мазутот, цената на бензините и дизелот останува иста

Редакција

100% обработени податоци: 36,91% граѓани излегле на референдумот, 609.813 граѓани гласале „за„

Редакција