Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија, одлучи Европската радиодифузна унија (ЕБУ).
Преставникот на Холандија, Јост Клајн е дисквалификуван поради жалба од жена член на продукциската екипа и е под истрага од шведската полиција
ЕБУ нагласува дека во инцидентот немало други изведувачи или членови на делегацијата и дека има политика на нулта толеранција кон несоодветното однесување на настанот.
Во соопштението се наведува дека однесувањето на Клајн кон член на тимот се сметало за прекршување на правилата за натпреварување.
Клајн се претстави со песната „Европапа“ во втората полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија и се избори за влез во финалето на натпреварот.
Фото: eurovision.tv
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.