Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја пренесува информацијата од фирмата „Рапид Билд ДОО” дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар ќе биде регулирано и тоа во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, заради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод Делница Скопје – Тетово – Гостивар, во три последователни временски интервали од 30 мај до 22. јуни 2024 година.
На делницата од црквата св. Мина во Сопиште (км 17+401) до Полициска станица Глумово (км 28+400), од 30 мај до 12. јуни.
На делницата од Полициска станица Глумово (км 28+400) до селото Паничари, Општина Сарај, (км 37+400), од 7 јуни до 16. јуни.
На делницата од селото Паничари, општина Сарај (км 37+400) до пред село Ларце, Општина Желино (км 47+829), од 12 до 22. јуни.
Во известувањето до ЦУК, „Рапид Билд” известува дека во согласност со законските регулативи и одобрената процедура за работа од инвеститорот и надзорот на проектот за изградба на магистрален гасовод Скопје – Гостивар, за време на изведување на испитувањето на цврстина и непропустност, пристапот на неовластени лица во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката е ограничен.
Од страна на ЦУК дополнително се информирани МВР, ДЗС, ЈП Национални Шуми, ЈП за стопанисување со пасишта, Град Скопје и општините Сопиште, Карпош, Сарај, Желино, Тетово, Брвеница и Гостивар.
Фото: еМагазин.мк