еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Чија е дискотеката во Кочани во која ни загинаа најмалку 59 лица

Македонија е завиена во црно, а за многу родители, кои ги изгубија децата во пожарот во т.н. дискотека во Кочани, како што самите кажаа, живот заврши.

Откако ни се случи оваа трагедија, сега дознавме дека оваа шупа, поранешен магацин за теписи, работела со фалсификувана лиценца цела една година, а без услови за работа, си работела со години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Оваа е шупата, т.н. дискотека во Кочани во која ни загинаа најмалку 51 дете

Само газдите и се менувале.

Зад шупата која има лиценца за кабаре, стои правното лице ММММ Кафе ДООЕЛ Кочани, а како што може да се види од податоци на Бизнис мрежата, имала блокирана сметка.

Како што објавија медиумите во 2020 година кога била основана фирмата газда и бил Митко Стојанов.

Една година подоцна фирмата ја презел Александар Карадакоски, кој е и актуелен сопственик, според Централниот регистар.

Локалните медиуми како сопственик на т.н. дискотека го посочуваат и Дејан Јованов – Деко, кој е уапсен, а претходно наводно се обидел да избега во соседна земја.

Тој имал и останати бизниси како кафулиња, но и компании во останати дејности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Немало хидрант, резервниот излез за евакуација бил заклучен со катанец без брава: Хорор услови во т.н дискотека

Кој пак бил главен на терен и кој сè стои позади шупата ќе треба да кажат истражните органи.

Објектот односно шупата е изграден 1999 година, а легализиран во 2005. година.

Истиот никогаш не побарал елаборат за противпожарна заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цел свет виде како системот во Кочани за пари уби деца

Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани

(Вознемирувачко) Први снимки од почетокот на пожарот во дискотеката во Кочани, во кој загинаа најмалку 30 лица

Фото: 360 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил пратеникот Арбен Зибери

Редакција

Убава вест: 524 оздравени од Ковид-19

Редакција

МЕПСО склучи договор со Actael N Ltd вреден 4,9 милиони евра

Редакција