еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што објавија Асанж и Викиликс за Македонија: Скопје уште во 2008 година се согласило за „Република Северна Македонија“

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж по 14 години правна битка и голгота е слободен човек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Џулијан Асанж е слободен човек, американскиот суд го ослободи

еМагазин во серијал ќе Ве потсети на дел од документите на американските власти, што ги објавија Асажн и Википедија за Македонија.

Скопје уште во 2008 година се согласило за „Република Северна Македонија“

Еден од документите кои ги објави Викиликс за Македонија, кој предизвика најголеми реакции беше под наслов „Што треба Македонците да направат за да го решат спорот за името“, од 29. јули 2018 година.

Овој документ го составила тогашната американска амабасадорка во Македонија, Џилијан Миловановиќ.

Според истиот уште во 2008 година официјално Скопје дало согласасност за промена на уставното име во „Република Северна Македонија“ „под услов тоа да вклучува признавање на македонскиот јазик и националноста“.

Во првиот дел од документот се споменува дека Миловановиќ своите заклучоци ги претставила по разговорите со тогашниот претседател и премиер на Република Македонија, Бранко Црвенковски и Никола Груевски, и наведува дека условите биле прифатливи за земјата.

„Амбасадата на САД во Скопје оценува дека македонската Влада е подготвена заради отворањето на патот во НАТО и членството во ЕУ да се согласи со името Република Северна Македонија во сите меѓународни организации“, се наведува во документот на американската амбасада во Македонија, до кој дојде Викиликс.

Националноста и јазикот, исто така, требало да ја имаат придавката „македонски“, стои во документот, но дека со тоа треба внимателно да се постапува – можеби во вид на некој анекс или интерен документ во ОН, што нема да биде предмет на одобрување од грчката страна, стои во документот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Афера “Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ објави нови имиња на функционери кои земаат високи плати

Редакција

Мицкоски од протестот во Кочани побара оставки од Димитров и Спасовски

Редакција

Ќе извлече ли поука Македонија од големата трагедија во Грција