Известувач од Подгорица, Црна Гора за еМагазин.мк, Силвана Жежова
Црногорскиот телекомуникациски сектор забележа значајни трансформации по влегувањето на унгарскиот технолошки и телекомуникациски конгломерат 4iG. Со преземањето на Теленор Црна Гора во 2021 година, 4iG донесе подобрување на поврзаноста, ја зголеми конкуренцијата и ги поттикна технолошките иновации.
Една од најголемите промени што ја донесе новиот оператор беше забрзување на дигиталната трансформација во Црна Гора. Претходно, дигиталната инфраструктура и услугите на овој пазар заостануваа зад околните земји.
Компанијата инвестираше многу во мрежната инфраструктура, проширувајќи ја покриеноста со 4G и иницирајќи тестирања за 5G, со план за целосно воведување на 5G во наредните години. Ова брзо трансформирање помогна Црна Гора да стане регионален центар за дигитални услуги, во корист на индустриите како туризмот, финансиите и образованието преку создавање нови можности за раст и иновации.
„Во 4iG, даваме големо значење на пазарите каде што го инвестираме нашиот капитал и експертиза за да поттикнеме силни деловни односи.
Нашата стратегија не позиционираше како лидер, способен да го поддржи развојот и дигитализацијата во сферата на 5G технологиите во Западен Балкан.
Ние сме посветени на воспоставување доверлива и безбедна мрежа за нашите клиенти, истовремено обезбедувајќи нашите инвестиции да даваат одржлив придонес преку супериорни услуги“, нагласи Пал Заранди, раководител на мобилната и 5G-стратегија на групацијата 4iG.
Засилена конкуренција и подобрени услуги е уште една значајна промена стекната со отворањето црногорскиот телекомуникациски пазар. Пред доаѓањето на 4iG, телекомуникацискиот сектор во Црна Гора беше со ниска конкурентност на пазарот, што резултираше со повисоки трошоци за услугите и ограничен избор за потрошувачите.
Доаѓањето на новиот оператор, поттикна промени, се зголемија понудите со предности и поволности за корисниците, конкурентни односно намалени цени и зголемени услуги, понуди и кориснички пакети. Пазарот се раздвижи со тоа што другите оператори започнаа да ги следат и да ги подобруваат своите понуди, што на крајот им беше од корист на потрошувачите со подобри услуги и повеќе избор.
„Како дел од групата 4iG, станавме движечка сила во дигиталната трансформација во Црна Гора, инвестирајќи 40% повеќе ресурси и зголемувајќи ја нашата работна сила за речиси 20% од крајот на 2021 година.
Овие инвестиции го подобруваат искуството на клиентите, го поттикнуваат растот на вработените и поставуваат нови стандарди во квалитетот на телекомуникациите“, изјави Бранко Митровиќ, извршен директор на ОНЕ Црна Гора.
Поставувањето на 4iG на црногорскиот телекомуникациски пазар може да се гледа како преседан за другите пазари на Балканот, отворајќи простор за понатамошни проширувања. Тековните инвестиции на компанијата во подобрувања на мрежата, дигиталните услуги и задоволството на клиентите се очекува да ја подобрат позицијата на Црна Гора како дигитално напредна земја во регионот.
За релативно краток период, присуството на 4iG внесе нови правила на игра и нови стандарди во телекомуникацискиот сектор на Црна Гора. Ефектите се веќе видливи, потрошувачите добиваат подобрени услуги, бизнисите пристапуваат до напредни дигитални алатки. Како што 4iG продолжува да расте, посветеноста на групацијата на иновациите и развојот ветува трајни придобивки за економијата, работната сила и дигиталната иднина на Црна Гора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарската групација 4iG основа компанија во Македонија
Владата и угарската компанија „4iG” потпишаа Меморандум за разбирање
Насловна фотографија: Unsplash