еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што сѐ се знае за планираните напади на концерт на Свифт, за кои првоосомничен е момче по потекло од Гостивар

Планирањето на терористички напади во Виена, Австрија, за време на концерт на најпопуларната пејачка во светот во моментов, Тејлор Свифт, е во фокусот на светската јавноста, но и на македонската, пред се поради фактот дека главниот осомничен е момче со потекло од Гостивар.

Станува збор за 19-годишниот Беран Алији, кој е роден во Австрија и има австриско државјанство, а неговите родители се по потекло од Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавена фотографија од Беран Алији по потекло од Гостивар, првоосомничениот за планирање терористички напад на концерт на Свифт

Тој беше уапсен во неговиот дом во Терниц, Долна Австрија и признал дека планирал терористички напади со експлозив (автомобил-бомба), но и со ладно оружје, пред стадионот каде Свифт требаше да има концерт.

Во неговиот дом полицијата нашла различно оружје – мачети, ножеви, детонатори, кабли за палење, 21 илјади фалсификувани евра.

Изминатиот период Алији драстично го сменил својот физички изглед адаптирајќи го според пропагандните видеа и пораки на Исламската држава (ИД), а на ТикТок објавил и видео во кое се заколнува на верност на ИД.

Тој на крајот на јули си дал отказ од работното место, најавувајќи им на колегите дека имал големи планови.

Работел во фабрика за преработка на метал, од каде наводно украл хемиски супстанци со кои имал намера да ја направи бомбата.

Досега за случајот се уапсени и двајца малолетници, едниот на 17-годишна возраст, а другиот на 15-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонското МВР го проверува минатото на Беран Алији, главниот осомничен за планирање на терористички напад на концерт на Тејлор Свифт

Македонското МВР го истражува неговото минато

Македонското Министерство за внатрешни работи на барање на австриските власти проверува дали Алији доаѓал во Македонија, дали имал контакти со луѓе од земјава и дали нашите служби имаат некакви претходни сознанија за него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Беран Алији, главниот осомничен за планирање терористички напади во Виена, ретко доаѓал во Гостивар

(Видео) Веста за можниот терористички напад на концерт на Свифт, за кој главниот осомничен е по потекло од Македонија го обиколи светот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Португалија на шест месеци се откажува од наплатата на ДДВ на основните прехранбени производи

Редакција

(Фото) Збунети лица и исчекување на седницата на Централниот одбор на СДСМ во Охрид

Редакција

Рашиди од Алијанса на Албанците ја напушти средбата кај Џафери: Се протуркува идејата за амнестија за настаните од 27 април

Редакција