еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЈП за државни патишта контра наодите на Ревизија за изградба на патиштата

Изнесените тврдења на прес-конференцијата на министерот за транспорт, Александар Николовски по наодите на Државниот завод за ревизија, за наводни нерегуларности во работењето на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), ги отфрламе како неточни и неосновани, со впечатлива политичка позадина, реагираат од ЈПДП.

„Минатата година започна со реализација и најголемиот инфраструктурен проект во историјата на современата македонска држава, тоа се европските Коридор 8 и Коридор 10д.

Во сите овие реализирани проекти, од страна на ЈПДП и менаџментот, испочитувани се сите законски процедури, за коишто има и соодветна документација. Од друга страна, пак, за сето ова, навремено, транспарентно и отчетно е информирана јавноста, и тоа во сите фази од реализацијата на проектите на коишто работело претпријатието,“ велат од таму.

Во однос на изградбата на автопатиштата, од ЈПДП изнесуваат детали.

„Проект за изградба на автопат, патна делница Кичево-Охрид. Вредноста на договорот е зголемена со Закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурните проекти, за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, објавен во Службен весник бр.208 од 14.11.2018 година.

Проект втора делница ТЕН-Т проект за автопат од Скопје до граница Косово, проценетата вредност од 112 милиони евра е зголемена на 198 милиони евра од страна на независна техничка консултантска куќа – Аткинс, ангажирана од ЕБОР, во соработка со проектантот Конзорциумот Хил Интернешнл, избран преку ИПФ 7 со грант од Европска комисија. При изборот на консултантската куќа и проектантот, ЈПДП немал и не може да има никакво влијание,“ се додава во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Километар од пругата до Бугарија може да чини 24 милиони евра, вредноста на третата фаза од железничкиот Коридорот 8 пораснала за 220 милиони евра

„Бехтел и Енка“ не ги градат автопатите според планираното, вредноста не може да се потврди, открива Државна ревизија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе биде ли ДУИ на „стара слава“ главен фактор за нова Влада?

Редакција

„Зоки Поки“ ќе се гледа и во Србија на РТС

Редакција

Македонски средношколци ќе учествуваат на меѓународен натпревар во дизајнирање, тестирање и изработка на мини болид на Формула 1

Редакција