Три скопски јавни претпријатија добија нови директори.
Нов директор на Јавното претпријатие “Скопје“ (ЈСП) е Драги Кушовски, Мартин Ангеловски е нов директор на ЈП „Паркови и зеленило“, а Ванчо Умленски е нов директор на ЈП „Улици и патишта“.
Кушовски дојде на местото на Крсте Петревски, Ангеловски на местото на Сефи Шабани, а Умленски на местото на Ќамил Ковачи.
Како што информираа од Град Скопје, новите директори доаѓаат од приватниот сектор.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.