Литванија и Летонија му забранија прелет на српскиот претседател Александар Вучиќ над нивните земји, кој на 9. мај планира да оди во Москва, Русија, по повод 80-годишнината од Денот на победата над фашизмот, но и да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин.
Информацијата ја објавија српските медиуми, а Вучиќ неколку пати беше предупреден да не го прави тоа од страна на Европската Унија, која најави дека доколку тоа се случи, ќе има последици на европскиот пат на Србија.
Прелети над Полска и Литванија му се забранети и на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој исто така планира да патува на 9. мај во Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ отпатува за Москва, стигна до Баку, чека дозвола да продолжи понатаму
Вучиќ се разболе пред средбата со Трамп и пред да оди во Москва