еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

10 години затвор за сопственикот на „Дурмо турс“: Апелација ги зголеми казните за дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус на „Дурмо турс“, во која загинаа 16 лица, информираа од таму денеска.

Затворската казна на сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули од четири години, која претходно му ја изрече Кривичниот суд, е зголемена на 10 години.

На одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари затворската казна од шест е исто така зголемена на 10 години, а од пет на по седум години казна затвор е зголемена казната за вработените во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски.

Казните на третиот вработен во станицата за технички преглед, Јане Боваровски и на возачот на автобусот, Маноил Трифуновски остануваат исти, пет и 14 годни казна затвор.

Несреќата се случи во 2019 година, откако автобусот на „Дурмо турс“ изгуби контрола и падна во дупка покрај автопат.

Според обвинението, Белули, своите автобуси ги прегледувал во станица за технички преглед која е во негова сопственост. Законот тоа му го дозволувал оти станува збор за различни правни субјекти, иако фирмите имале ист сопственик.

На техничкиот преглед пред несреќата било утврдено дека сопирачките на автобусот функционираат делумно.

Оваа пресуда е правосилна и обвинетите треба да одат на издржување на затворската казна.

Целото соопштение на Судот, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чаир и Бутел ќе имаат парно, Скопје Север обезбеди пари за гас за следните 10 дена

Редакција

Српската премиерка Брнабиќ: Тоа што и се случи на Македонија е опасен преседан, потекло на јазик не е билатерално прашање

Редакција

На Русите ќе им се „стемни“: Централната банка на Русија ја покачи референтната камата од 9,6 на 20%

Редакција