Со десет нови случаи на Ковид-19, Делчево денеска се најде меѓу градовите со најмногу заболени од коронавирусот. Новите случаи како што информираа од делчевскиот здравствен дом се резултат на претходните тестирања и веќе познатите кластери.
-Освен 10 позитивни на Ковид-19 од направените тестирања имаме и голем број негативни тестови. Се тестираат лица кои имале контакт со претходно заболените. Тие тестирања продолжуваат и во деновите кои следат, истакнаа од Здравствениот дом во Делчево.
Додадоа дека веќе почнаа да опоравуваат и пациентите кои беа меѓу првите позитивни на Ковид-19.
-Денеска имаме тројца такви пациенти, вчера еден пациент излезе од болница, така што се надеваме дека бројката на ваквите пациенти ќе расте и сите успешно ќе го пребродат вирусот, додадоа од установата.
Во градовите од опкружувањето нови случаи со Ковид-19, вкупно шест, денеска се регистириани и во Берово.
Со денешната бројка, активни на коронавирусот во моментот во Пијанечко-малешевскиот регион се 110 пациенти од кои 48 во Берово, 39 во Делчево, 12 во Пехчево и 11 во Македонска Каменица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починаа уште 6 лица од Ковид-19 од Скопје, Прилеп, Охрид и Штип
Нови 131 случаи на Ковид-19, најмногу од Скопје, Куманово и Гостивар
Убава вест: 81 оздравени од Ковид-19, најмногу од Скопје
МИА