Во трите квартала од 2018 година направени се трансакции во вредност од 100 милиони евра со платежни картички за купување онлајн што претставува 28% пораст во однос на истиот период минатата година, вели Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија.
Трансакциите по број забележуваат уште поголем тренд на пораст во првите три квартали од 39%.
„Од направените онлајн купувања најголем дел (63%) биле потрошени за купувања од странски е-трговци или скоро 63,34 милиони евра наспроти 31,15 милиони евра остварени кон домашните е-трговци (33%). 3,8 милиони евра или 4% од вредноста на трансакциите остварени кон домашни е-трговци е направена од иматели на странски платежни картички.
Направените онлајн купувања од имателите на македонски платежни картички кон домашните е-трговци забележува пораст од 51% во однос на истиот период минатата година, додека странците во Македонија потрошиле за 82% повеќе оналјн кај домашните е-трговци.
Сепак треба да имеме и предвид дека во податоците од НБРМ за онлајн остварени трансацкии се бројуваат и трансакциите за плаќања на сметки за вода, струја, телефон кои се реализирани онлајн со платежни картички“, вели Ангеловска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку граѓаните трошат на онлајн купување дома и во странство