еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

11 хоспитализирани, 14 со претходни заболувања, детали за новите случаи на Ковид-19 во Македонија

Во Македонија вчера беа регистрирани 40 нови случаи на заразени со коронавирусот.

“Тестирани се вкупно 549 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Од вкупниот број на тестирани, 125 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките (Скопје и Велес) каде е регистриран еден позитивен случај во Скопје.

Започна таргетиран скрининг во домови за стари лица, направени се вкупно 84 тестови, сите негaтивни.

Регистрирани се вкупно 40 нови позитивни лица.

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, најголем дел од нив (n=14) во возрасната група на лица над 60 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 18 од женски и 22 од машки пол.

Регистрирани се 11 хоспитализирани лица.

Кај 14 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени заболувања, н.з.).

Вкупно 18 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два фамилијарни кластери го зголемија бројот на заразени со корона вирусот во Скопје

Двајца од новозаболените биле во изолација: Зошто расте бројот на заразени со корона вирусот во Тетово?

Прилепчанецот што почина од корона вирусот имал контакт со потврден случај

Фото: Кабинет на претседателот/табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 63 случаи на Ковид-19 од 529 тестирања

Редакција

За неколку дена во Општина Центар собрани 901.768 денари за лекување на Лео

Редакција

Со потпретседателката на Бугарија, Јотова за да промовираат бугарски проекти во Македонија, доаѓа и Петков

Редакција