еМагазин
Image default
Македонија

12 новозаразени од Ковид-19 во Кичево

Дванаесет новозаразени, три лица оздравени и еден починат пациент е денешниот биланс од состојбата со Ковид-19 во Кичево.

Според податоците од Министерството за здравство, вкупниот број заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна 172, од кои 105 се активни, 58 се излекувани и девет лица се починати.

– Денеска кај нас се забележани 12 новозаболени лица. Сите се лекуваат во домашни услови, под надзор на нивните матичени лекари и нивната општа здраствена состојба е стабилна. Се разбира сите се во изолација.

Три лица ја добија битката со вирусот. Од друга страна денеска за жал имаме едно лице пациент на возраст од 72 година, што ја загуби битката со вирусот, истакна д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој упати апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

МИА/Фото: Општина Кичево

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Кисела Вода меѓу трите скопски општини со најмногу активни случаи на Ковид-19

Нови 166 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Штип

Од Ковид-19 починаа 4 пациенти, од Скопје, Кичево, Штип и Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи апелира да издржиме: Порастот на заболените го одложи олеснувањето на мерките против корона вирусот

Редакција

Детали за апсењето на државниот секретар: Јахи Јахија зел мито од 37.930 евра

Редакција

Во Дебар 18 новозаразени со Ковид-19, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата

Редакција