Во Полициско одделение Маврово вчера околу 18 часот, Д.Ѓ. (55) пријавила дека нејзиниот малолетен син починал, информираа од Министерството за внатрешни работи..
-Според пријавата малолетникот се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во населбата Маврови Анови, информираа од СВР Тетово.
Неофицијално се работи за 14 годишно момче.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.